22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТОП 5 економиите во ЕУ сакаат создавање на „црна листа“ на даночните...

ТОП 5 економиите во ЕУ сакаат создавање на „црна листа“ на даночните раеви

tax heven 00

Министрите за финансии на Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство претставија план за „развој на стандард за автоматска размена на корисни информации за сопственоста“, соопшти Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД). Сепак малку е веројатно декларираната централизирана размена да биде прифатлива во САД.

Во суштина тоа претставува „црна листа на даночните раеви“, а во предлогот освен тоа се предвидуваат санкции за земјите кои одбиваат соработка.

Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија, познати како Г-5, сакаат исто така да се укине тајната на идентитетот на сопствениците на фиктивни фирми.

Новиот план за размена на информации за реалната сопственост на средства се огласува во позадината на откритијата по аферата „панамски документи“. Министрите на ЕУ го фокусираа вниманието на употребата на „сивите“ структури за прикривање на идентитетот на лицата за кои се тврди дека заобиколуваат санкции, перат пари или кријат даноци.

Потајностите околу даночните афери во Панама наштетија на меѓународниот углед на земјата и властите се обидуваат да коригираат дел од штетата со ветување за двострана автоматска размена на информации во иднина. Без ангажман со поширока размена на информации, сепак е малку веројатно потегот на Панама да биде доволен за да ја извади од глобалната црна листа на земји кои несоработуваат.

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави пред претставувањето на планот, дека „треба да се направи уште“ од гледна точка на меѓународните напори за ограничување на агресивното затајување на данок, па меѓународниот даночен систем да не нуди дупки за богатите луѓе и компании.

Според шефот на ММФ перцепцијата дека „правилата изгледа важат за некои, но не за сите“ е јасен ризик за глобалната економија.

Светот веќе не може да толерира даноците да се согледаат „како внатрешно прашање, поврзано со суверенитетот“, рече Лагард, затоа „меѓународната соработка треба да се подобри“.

Во четвртокот ОЕЦД, органот одговорен за меѓународното разбивање на даночното затајување, ги повика светските лидери да го зголемат притисокот врз Панама.

Главниот секретар на ОЕЦД, Анхел Гури рече дека новите стандарди за даночната транспарентност „треба да бидат ефикасно спроведени на светско ниво, од сите, без исклучок, за да нема што да се крие“.

Листата на земји кои несоработуваат е преполовена, откако Науру и Вануату неодамна ветија дека ќе извршат притисок и да се приклучат на 96-те други јурисдикции кои се договориле автоматската размена на даночни информации со други земји. Само Панама и Бахреин одбиваат да се вклучат со новите правила, а Либан претстои да се придружи. САД прифатија слични, но сепак различни мерки.

Гури предложи „дополнителни чекори“ за притисок врз земјите кои заглавуваат со автоматската размена или не успеале целосно да ги применат постоечките правила за размена на информации. Предлозите се движат од зајакнување на ударите врз угледот на центри како Панама до блокирање и насочувањето на инвестиции од меѓународните организации и агенции за развој во нив.

Новите правила за транспарентност, кои влегуваат во сила, бараат од банките да се идентификуваат вистинските сопственици на средства, но ОЕЦД објави дека „ќе биде наивно да не се признаат предизвиците поврзани со тешкотиите при идентификувањето на вистинските сопственици на правните аранжмани“. Организацијата исто така, рече дека „употребата на завеса од потајности продолжува да се заканува на интегритетот на нашите општества“.

ОЕЦД вели дека е подготвена да ја помогне новата иницијатива, планирана од министрите за финансии во Европа. Организацијата најави дека постоечките стандарди за идентификување на реалните сопственици се доста строги и нема потреба да се развиваат во оваа фаза.

Таа, сепак, додаде дека е потребна уште работа на нивната примена. ОЕЦД препорача да се побара од меѓувладините напори за борба против даночните злосторства и легитимните финансиски текови, познати како „Дијалогот Осло“, да направат препораки за зајакнување на ефикасноста на Меѓуресорската и прекуграничната соработка.

Франција, која работи во тесна соработка со други европски земји, одамна сака да се стави крај на даночно затајување или неземањето предвид на средства од луѓе, кои се кријат зад фондации. Напорите на Брисел за создавање на јавен регистар на фондови сепак беа блокирани од Обединетото Кралство во 2013-та година, и тоа со лична интервенција на Дејвид Камерон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП