Лани во Македонија во високо образовните институции се запишале 53 535 студенти. Доколку се спореди овој број со академската 2023 – 2024 може да се забележи дека има зголемување на бројот на студенти за 2,3 отсто. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека минатата година се запишале повеќе студентки, односно 31 737 или 59,3 отсто.
Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека во академската година 2024-2025 најмогу студенти се запишани во областа Здравство и социјална заштита. На овие струки се запишале точно 13 371 студент.
„Најголем број студенти, 76.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 % се запишале на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 14 644 студенти или 27.4 % од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 825 студенти во прва година се запишале првпат“, се наведува во извештајот на Државниот завод за статистика.
Анализирано по области, веднаш по Здравство и социјална заштита каде има има запишано нешто над 10 илјади студентки и 3 360 студенти се наоѓаат студентите од Бизнис администрација и право. На овие струки биле запишани 10 839,од кои 6 016 биле студентки а 4823 студенти. На информатичките науки лани се запишани нешто над 8 800 студенти, мажи 5 800 а нешто над 3 000 биле жени. На уметност и хуманитарни науки близу 5 000 студенти, а на Општествени науки, новинарство и информирање 4100, а на инженерство и градежништво 4 800 студенти.
И.П