3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го помести „1 Мај“ на 7 мај

Грција го помести „1 Мај“ на 7 мај

Greece-2012-168_web

Грчкото Министертсво за труд го прифати барањето на сопствениците на продавници во Грција за поместување на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудит – 1 Мај на 7 мај, објави атинскиот весник „Катимерини“.

Грчките трговици побараа прославата на Денот на трудот да биде поместена, бидејќе сметаат дека ќе имаат загуби во работењето доколку празникот се одбележи на 1 мај, односно во средата пред православниот Велигден, кој оваа година се паѓа на 5 мај.

Трговците очекуваат поголема продажба во пресрет на велигденските празници, па според нив доколку не работат на 1 мај би имале помала заработка. Со поместувањето на прославата на Денот на трудот, тој ќе биде одбележен во вторникот по Велигден, кога продавниците и онака нема да работат во рамки на велигденските празници.

Со одлуката на Министерството на 7 мај оваа година ќе може да работат само оние продавници кои вообичаено се отворени во неделите и на празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП