21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на „Хамлет од Горно Дупени“ во Прилеп

Премиера на „Хамлет од Горно Дупени“ во Прилеп

hamlettt

„Хамлет од Горно Дупени“ во режија на Кирил Петрески е новата претстава која премиерно ќе биде прикажана во среда, од 20 часот, на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Претставата е работена според текстот „Хамлет од Долна Мрдуша“, од Иво Брешан, драмски текст напишан уште во 1965 година.

Оваа гротескна трагедија е травестија на познатата комедија од Шекспир „Хамлет“. Се работи за еден од најдобро напишаните драмски текстови во тој период од редот на т.н. политички театар. Поставуван е во многу театри низ Македонија и низ поранешните ју простори. Во прилепскиот театар овој текст двапати е поставуван. Текстот во прилепскиот театар се поставува по 45 години од неговата празиведба, а претставата го прикажува целиот апсурд на еден општествен поредок и воопшто на власта.

„Го прикажува и местото на човекот како двигател на општествената машинерија, но и како нејзин роб. Современиот Хамлет е исправен пред предизвиците кои му ги носи животот и пред товарот на своите одлуки и компромиси, товар кој не му дозволува да живее достоинствено. На сцената се отвора еден нов свет каде што политиката навлегла длабоко во секоја пора од животот. Меѓутоа наспроти фактот што е неизбежна, политиката во оваа претстава не е во фокусот, туку служи како основа врз која се отвораат и се развиваат универзални и вечно актуелни теми“, вели режисерот Кирил Петрески.

Играат Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Марија С.Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски…
Сценографијата е на Зоран Николовски, костимограф е Даниела Настоска, а музиката Томе Темелкоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП