8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕкспертите препорачуваат аспирин против инфаркт и рак

Експертите препорачуваат аспирин против инфаркт и рак

експертос

Група независни експерти која ја советуваат американската влада (USPSTF) препорача во понеделникот редовно земање мали дози аспирин за намалување на ризиците од инфаркт, мозочен удар и рак на дебелото црево, во студијата објавена во последното издание на американското медицинско списание Annals of Internal Medicine.

Од USPSTF препорачуваа лицата меѓу 50 до 69-годишна возраст со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, кои не се склони на крварење на внатрешните органи, и идните десет години да земаат аспирин како средство за превенција од овие болести.

Најголема полза од таквата превенција имаат лицата во споменатата животна возраст, кај кои не постои зголемен ризик од крварење, чиј очекуван животен век е барем уште десет години и кои се подготвени секојдневно да земаат мали дози аспирин, ос 70 до 81 мг, оценуваат стручњаците.

Кардиоваскуларните болести и ракот на дебелото црево се главните причини за смртноста во САД,. Според последната ревидирана статистика, во 2011-та инфарктот, мозочниот удар и ракот биле причина за смртта на половината од починатите во САД.

Меѓутоа, USPSTF истовремено и предупредуваат дека аспиринот кај некои лица може да предизвика и тешко крварење во желудникот, цревата и мозокот, па затоа препорачуваат дека е неопходна претпазливост.

Стручната група, покрај тоа, оценила и дека се неопходни натамошни истражувања за да се утврди превентивното дејствување на аспиринот врз лицата помлади од 50 и и повозрасни од 70 години.

Аспиринот би требало да ја продолжи очекуваната животна возраст кај повеќето лица меѓу 40 и 59 години коишто ви започнале секојдневно да го земаат, како и оние меѓу 60 и 69 години со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, сметаат здравствените експерти. Кај лицата со помал ризик од овие болести, се чини дека позлата од аспиринот не е многу поголема од можните штетни нус појави,.додаваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП