26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФРИДОМ ХАУС: Демократското управување во Македонија продолжи да назадува во 2015 година

ФРИДОМ ХАУС: Демократското управување во Македонија продолжи да назадува во 2015 година

fh

Во својот најнов извештај на Американската организација Фридом Хаус се вели дека демократското владеење во Македонија продолжува да се влошува во 2015 година, каде земјата доживеа најголемата политичка криза од 2001 година.

Според извештајот на Фридом Хаус, од февруари до јуни 2015 година опозициската СДСМ објавила 38 серии од прислушкувани разговори што очигледно открила директната вмешаност на високи службеници во владата и владејачката партија во коруптивни и криминални активности.

Извештајот на Фридом Хаус, кој ги покрива земјите од Балканот, средна Европа, Русија и средна Азија, нотира назадување на демократските стандарди во сите региони, поради пропустите во политиката на Европската Унија кон Балканот, загрозувањето на стабилноста на регионот поради бегалската криза и од падот на цените на нафтата што влијае врз Русија и средноазискиот регион.

“Демократското управување во Македонија продолжи да назадува во 2015 година, кога земјата ја претрпе најтешката политичка криза од 2001 година. Од февруари до јуни опозицискиот Социјал-Демократски Сојуз на Македонија објави 38 сетови на прислушкувани разговори за кои тврди дека откриваат директна вмешаност на високи владини функционери во корупција и криминални активности. Политичкиот простор и граѓанското општество се поларизираат веќе една декада, при што популистичка владејачка елита доминира над слабо организиранат политичка опозиција и ги отстранува контролните механизми во полза на силна извршна власт, што доведе до крах на политичкиот дијалог во 2014 година”, пишува во извештајот.

Просечната оценка за Македонија за 2015 година изнесува 4,29, пад од оценката од 4,07 која Македонија ја имала во претходниот извештај.

 

izv

Според Фридом Хаус, иако намалена, сепак Никола Груевски има поголема поддршка во јавноста од СДСМ. Извештајот оценува дека капацитетот на Европската Унија да врши притисок врз Македонија е ограничен поради спорот за името, кој ја оневозможува ЕУ да понуди отворање на преговорите за членство како политичка алатка.

Извештајот содржи бројни критики насочени кон земјите од Балканот, како Србија и Црна Гора кои Фридом Хаус ги вбрoјува во категоријата на земји со слични политички трендови како Македонија, но и за земјите од средна Европа како Полска, Чешка и Словачка, за чии лидери се вели дека ги следат политиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Извештајот оценува дека мигрантската криза довела до отворено „ширење на ксенофобична реторика и јавна поддршка за надминување на политичката коректност и кревање на погранични огради”.

Комплетниот извештај можете да го видите тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП