22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГостување на државната опера и балет од Турција во МНТ

Гостување на државната опера и балет од Турција во МНТ

balet tur 000

Денеска во Македонскиот народен театар ќе гостува Државаната опера и балет од Измир, Турција, со извонредната претстава „Боите на танцот“  во кореграфија на Мехмед Балкан, а на музика на турскиот композитор Ерим Ардал и Ј. С. Бах, со дваесетина ексклкузивни танчери.

Мехмед Балкан е еден од најзначајните кореографи, не само во Турција, туку и на европската танцова сцена. Мехмет Балкан, како млад танчер, своевремено е добитник на награда на Светскиот балетски конкурс во Варна, по што развива светска танчерска кариера и настапува и на сцената на Метрополитен во Њујорк. Тој е долгогодишен уметнички директор, меѓу другото и на Националниот балет од Лисабон, Португалија и, како кореограф има остварено соработка со голем број значајни светски танцови ѕвезди и кореографи. Во моментов е главен кореограф и раководител на Националните балети во Турција како дел од Директоријатот за култура во Анкара. Инаку во Турција постојат шест Државни опери и балети, кои се на исклучително високо уметничко и професионално ниво, со долгогодишна традиција.

Државната опера и балет од Измир е основана во 1982 година. Таа е една од најголемите уметнички институции во земјата, со голем број на продукции. Оваа уметничка куќа ја промовира уметноста на танцот во својот регион и е предводник во запознавање на пошироката публика со танцот. Балетот при Државната опера и балет од Измир, има остварено голем број на турнеји во Турција, но и надвор од неа, секогаш со голем успех, заради високиот уметнички квалитет на продукциите и на танчерите. Нивните извонредни продукции се прикажуваат во Кипар, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Кина, Босна и Херцеговина, Јапонија, Пакистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП