28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Владо Костов

Изложба на Владо Костов

vlado kostov 33

Изложбата на уметникот Владо Костов, ќе се отвори во понеделник, со почеток во 19.30 часот, а ќе биде поставена во Центар за современа уметност АРТ Скопје, кој се наоѓа во зградата на Бизнис центарот ОРКА Холдинг.

Во Центарот ќе бидат поставени фасцинантните дела на уметникот Владо Костов, скулптури кои се изработени од старо отпадно железо.

„Јас верувам дека можам да ги покренам срцата и умовите на луѓето преку моќта на еден вид уметност кој фаворизира имагинативно мислење и перцепција, сфаќајќи ја истовремено важноста на заштитата и обновата на Земјата за доброто на сите. Јас верувам во намалување на потрошувачката, и во повторната употреба или рециклирањето на материјалите, не само во еколошка смисла, туку и естетски.

Мотивацијата и инспирацијата за ваквата еко-уметничка свест лежи во бројните начини на користење на употреблив метален отпад оставен зад нас секаде наоколу. И покрај тоа што јас редовно ги пребарувам отпадите во потрага по интересни форми и предмети кои треба да послужат како сиров материјал, фактички отпадокот треба да ме најде мене и да ме натера да препознаам определени контури во него. Подоцна, јас уживам во вдишувањето живот во ваквиот отфрлен метален отпад преку негово претставување на нов начин, подигајќи парче по парче од купот и умствено барајќи делови кои ќе пасуваат каде што се потребни, оставајќи го недопрен оригиналниот облик на секое поединечно парче. Постепено добивајќи облик од ден на ден, секоја од овие единствени скулптури создаваат своја личност, и натаму карактеризирајќи се со рѓата како патина, зашто тоа е жива површина која и дава карактер на фигурата.

Ме возбудува кога ги гледам луѓето како препознаваат што имам искористено во новата креација. Длабоко внатре се наоѓа секогаш проширливата еволуција на мислата и апликацијата преку уникатен збир на различни делови, сите заедно спасени како богатство од минатото“, вели Костов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП