6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСиндромот на празно гнездо на скриените приказни на Ксенија Котев со нова...

Синдромот на празно гнездо на скриените приказни на Ксенија Котев со нова изложба

kotev 33

Во „Радио бар“, скриен во нашето Дебар Маало оваа Сабота 09.04.2016 со почеток во 19 часот со Wish.Ko, дамата на среброто Ксенија Котев овојпат во положба на ембрион ќе излезе од празниот скротум со нереални филигрански форми на накит, претставување на новата колекција на КК – „Hidden stories” .

Овојпат Котев го зграпчи сонот што на јаве го сонува (Catch a dream) во ритамот на отчукувањето на срцето (Heartbeat) како сребрена жица што се движи под огнот формирајќи филигранска булка во расцветување (Blossom) на распнатата душа.

„Ѕвездите паѓаат полека (Falling star) но поблиску од кога било, 3, една по друга и време е (Time) да се замисли желба (Wish), навистина време е да се „распрсне“ искрата (Spark) на соништата (Dreams), време да бидам, време е да си замислам желба, време е да заборавам но, не и да простам“, вели К.Котев.

Посакувањата (Desires) се заробени во меури (Bubbles), меур на вечниот сон на непосаканото – посакување (Latch) со сребрени солзи леејќи се (Teardrop) ја изградија круната (Crown) на оваа колекција.

Две во едно,(Two into one) за сите црни посакувања на еден или друг начин (One way or another) на веќе познатата (Curve 9) магијата (Spell) е веќе фрлена на вечното заведување, сијамски поврзани со една круна на главите спречени да го видат одразот на среќата.

Новата колекцијата на Котев ќе ве доведе до момент на искушение, а тоа е најслатко.
Повелете на малку дозволен грев оваа Сабота во „Радио бар“, всушност сите гревови се дозволени, а излезот е секогаш на аголот на вашата омилена „Кривина 9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП