19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд даночна оптимизација дo перење на пари: За што служат офшор компаниите?

Од даночна оптимизација дo перење на пари: За што служат офшор компаниите?

of kompanii

Скандалот „Панамски документи“ (Panama Papers) го насочи вниманието кон офшор компаниите, главната алка во синџирот за избегнување на даноците. Како точно функционираат овие компании? За што служат? Незаконска ли е нивната активност?

Што претставува една оф-шор компанија?

Поимот „offshore“ во превод од англиски значи „во морето или во близина на копното“ или со други зборови „надвор од територијата“. Буквално офшор фирма е фирма регистрирана во странство, во земја во која сопственикот не живее. Само што за разлика од меѓународните филијали, овие компании не вршат никаква економска активност во земјата, каде што се сместени, пишува AFP.

За да биде создадена една офшор компанија, „работите можат да бидат од многу едноставни до многу сложени“, објаснува Ерик Верние, аналитичар во Институтот за меѓународни односи (IRIS) и автор на трудот „Даночна измама и даночни засолништа“. Ова може да се реализира преку специјализирани фирми, од кои некои се искористени со меѓународна слава, но и преку интернет.

Легално ли е тоа?

„Не е изрично забрането да имаш офшор компанија или сметка во странство. Важно е да се знае каква е вистинската активност зад овие сметки, какво е потеклото на финансиските текови“, изјави во францускиот државен секретар за буџет Кристијан Екер.

Токму тоа го оценуваат голем број луѓе, цитирани од „панамските документи“, како Патрик Драи, шеф на медиумско-телекомуникациската група „Altice“. Во принцип секој има право да отвори офшор компанија, штом се декларира профитот.

Зошто се создаваат такви компании?

„Првата идеја е да се постигне даночна оптимизација“ и тоа да не се мешаат со даночната измама, вели Верние. Целта е „да се направи така што добивката ќе се пријави во територијата каде има ниски или никакви даноци“, што пак им овозможува на компаниите да ја зголемат профитабилноста“, објаснува тој.

Токму поради овој факт таквите компании се создаваат главно во земјите каде даночниот систем е исклучително фаворизиран, или во т.н. даночни засолништа како Бахамите, Британските Девствени Острови, Панама, но и државата Делавер во САД.

„Целта може да биде и да се олеснат некои трансакции кои не секогаш можат да бидат незаконски“, но пак бараат одредена дискреција, а таа е загарантирана во овие даночни засолништа“, посочува уште Верние.

Компаниите кои создаваат офшор компании можат да се раководени и од стремежот „да се искористи регулативата која им овозможува во странство да го прават она што не можат дома“, коментира Мишел Талин, даночен експерт во експертската група за корпоративните проблеми на францускиот институт за претприемништво.

Така на пример во секторот на осигурувањето, имајќи ги предвид правилата за разумна претпазливост“, некои договори се можни само во земји како Кајманските Острови, бидејќи таму законодавството е флексибилно“, вели Талин. Ангажирање на авиони, на пример, се прави само во даночни засолништа.

Зошто кон офшор компании се покажува со прст?

Доста често „офшор компанија се регистрира во јурисдикции со посебни закони, за да се отвори банкарска сметка и така нејзиниот сопственик да не се осветлува директно, а да држи средства криејќи го својот идентитет“, нагласува за „AFP“ Гаел Мени Леожеон, даночна адвокатка во адвокатска канцеларија „Fidal“.

„Тоа е незаконско, колку и создавањето на овие компании кои целат кон прикривање на корисникот“, додава таа.

Во повеќето случаи офшор компаниите се наоѓаат во подрачја каде што банкарскиот систем не е транспарентен. Патем тие често си најмуваат „имиња“, а така можат да се „заматат“ парите на вистинските сопственици на овие структури.

„Поради тоа тие овозможуваат лесно да се прават даночни измами, „така што се градат прикриени структури на различни нивоа“, вели Верние. На крајот станува невозможно да се разбере на кого всушност припаѓаат овие компании.

Овој недостаток на транспарентност е идеален за перење пари добиени од криминални активности, како трговијата со дрога или од крупниот криминал низ кои „годишно се движат илјади милијарди долари“, нагласува Верние.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП