
Затегнете ја кожата околу очите со помош на маслиново масло…


Затегнете ја кожата околу очите со помош на маслиново масло…
Маслиновото масло стекна популарност меѓу жените кои водат грижа за кожата на своето лице. Најдобро и наједноставно средство против брчките околу очите се облогите од маслиново масло.
Доволно е само да натопите две памукчиња во маслиново масло и да ги ставите на пределот околу очите десетина минути. По отстранувањето, можете да направите блага масажа со врвовите на прстите.
Ако во 50 мл маслиново масло додадете 4-5 капсули витамин Е, ќе добиете одлична хранлива маска против брчки околу очите.
Оваа маска можете да ја нанесувате навечер, да ја држите 5-10 минути. Не мора да ја миете со вода, доволно е само вишокот да го отстраните со марамче.