21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Голем знак – САД отворени за измами“

„Голем знак – САД отворени за измами“

151005095308-offshore-tax-havens-780x439

Соединетите Американски Држави испливаа како врвна даночна оаза заедно со Швајцарија, Кајманските Острови и Панама.

Сојузните држави како Делавер, Невада, Јужна Дакота и Вајоминг нудат посебни погодности за странците кои сакаат да го прикријат својот имот, наведуваат експертите кои се залагаат за реформи во даночниот систем.

„Постои голем неонски знак кој вели дека САД се отворени за даночни измами“, изјави Џон Кристенсен, директор на Мрежата за даночна правда (Tax Justice Network).

Отвореноста на САД за странците кои сакаат да избегнат плаќање на даноците повторно е во центарот на вниманието бидејќи минатата недела протекоа 11,5 милиони „Панамски документи“ кои покажуваат како богатите и моќни го криеле својот имот во офшор компании со цел да избегнат данок.

Мрежата за даночна правда, која се залага за глобалните мерки против затајување на данок, наведува дека САД се на третото место според тајноста во финансиските прашања, зад Швајцарија и Хонг Конг, но пред озогласените даночни оази како што се Кајманските Острови и Луксембург.

Според законот во 2010 усвоен откако беше објавено дека швајцарската банка UBS им помагала на илјадници Американци да го избегнат данокот во САД, банките и другите финансиски институции мораат да објават информации за Американците во странство со цел да платат данок во САД.

Тој закон, сепак, не налага и САД да го стори истото за други.

Повеќе од 90 земји во 2014 година потпишаа договор за размена на информации кој го иницираше Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), но САД се меѓу ретките земји кои не се придружија. Американските банки дури не земат податоци кои им се потребни на другите земји за да идентификуваат луѓе кои избегнуваат даноци.

„Банкарскиот лоби се противеше на промените во законот кои би овозможиле поголема размена на податоци“, изјави Петер Контросеан, адвокат од Цирих, специјализиран за приватно банкарство.

Паскал Сен-Аман, шефот на центарот за даночна политика и управа на ОЕЦД, изјави дека САД често пружаат информации за другите земји на барање, но дека тоа значи дека други земји можат да добијат детали за одредени лица за кои веќе се сомневаат дека избегнуваат даноци.

Кристенсен изјави дека извештајот на швајцарските банки покажува дека многу нивни клиенти зборуваат за премин во САД.

Сојузните држави како Невада, Вајоминг и Јужна Дакота само ја влошуваат ситуацијата, велат критичарите за односите на САД кон затајувањето на даноци. Тие држави се натпреваруваат како да го олеснат основањето на корпорациите и прашуваат многу малку за тоа кој стои зад бизнисот.

Невада, на пример, го олесни основањето на корпорации и наплатува 500 долари за деловна лиценца за корпорации и 200 за други претприемачи, а тие пари се определени за плати за наставниците.

Многу од овие компании се само маски, финансиски замки кои не вработуваат работници и немаат никакви инвестиции.

Истражувачите кои ги истражуваа условите за основање на компании, се претставиле како инвесттори со цел да дознаат кои информации консултантите ги бараат за основање на компании. Основните информации како лични документи или други документи кои би го потврдиле нивниот идентитет во САД ги побарале само 25 проценти , а во Делавер само шест проценти.

Американското Министерство за финансии наведува дека планира промена на прописите, но тоа треба да го потврди и Конгресот, иако критичарите велат дека американските законодаци „не сакаат да и наштетат на банкарската индустрија во САД“.

„Не е тајна дека банките во САД, особено во Мајами, се преплавени со непријавени пари од Латинска Америка. Колку е иронично, навистина перверзно, што САД, кои толку побожно ги осудуваа швајцарските банки, станале популарна тајна банкарска дестинација“, изјави адвокатот од Цирих, Котросеан.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП