29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроектот Улични музичари од 1 мај до 30 октомври во центарот на...

Проектот Улични музичари од 1 мај до 30 октомври во центарот на Скопје

ulichni

Проектот Улични музичари и артисти ќе се одржи по шести пат, во периодот од 1 мај до 30 октомври 2016, на централнoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза, Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија, Плоштад Филип 2 и Градски трговски центар.

Во него ќе учествуваат уличните музичари и артисти кои се пријавија на јавниот повик, а во него ќе се вклучат и националните установи на Р.Македонија, културните институции на Град Скопје, Музичката академија, како и средните и основните училишта од Скопје.

Програмата е наменета за граѓаните, туристите, во претстојниот пролетно и летен период.

„Во рамките на проектот ќе се одржат 140 настани, истите во соработка со музички групи од сите генерации и различни контексти, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика, од хип хоп, дџ сесии на електронска амбиентална музика до современа алтернативна, поп и рок музика“, рече во вторник на прес конференција Вера Бошковска, директор на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“.

Детската програма ќе се изведува како утринска сесија, додека во попладневните и во вечерни часови со соодветна часовна координација, во програмата влегуваат разни театарски и музички перформанси, изведувачи на класична музика, како и вечерни видео и филмски проекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП