12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонкурс за наградата „Антологија на болката“

Конкурс за наградата „Антологија на болката“

Image555

Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, како организатор на културната манифестација „Рацинови Средби“ 2016, во соработка со издавачката куќа “Култура“, објавуваат Кконкурс за наградата „Антологија на болката“.

Наградата „Антологија на болката“ е награда на културната манифестација „Рацинови средби“ за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет.

Целта на наградата е афирмација на дебитанти и млади автори на современата македонска поезија.

Наградата се состои во публикација од страна на издавачката куќа „Култура“, како и промоција на публикацијата во рамки на манифестацијата „Рацинови средби“ 2016.

На конкурсот за наградата можат да учествуваат поети со дебитантски и необјавени збирки љубовна поезија.

За наградата на конкурсот ќе одлучува стручна жири-комисија. Конкурсот трае до 5 мај 2016 година.

Дебитантските и необјавени поетски збирки треба да се достават по електронски пат на следната мејл адреса: [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП