17 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоктор тврди дека играчи на Арсенал, Челзи, Лестер се допингувале

Доктор тврди дека играчи на Арсенал, Челзи, Лестер се допингувале

doktor-tvrdi

Британскиот доктор Марк Бонар со изјавата дека на околу 150 спортисти им помогнал да се допингуваат предизвика големо внимание во англиската јавност, особено делот дека меѓу оние на кои им помагал да се допингуваат има фудбалери од Премиерлигата.

Бонар во интервју за британски Тајмс открил дека допинг сретства користеле играчи на Лестер, Арсенал, Челзи и Бирмингем, но и велосипедисти, играчи на крикет и други.

„Спротисти имаа устен договор со мене. Не сакав медиски да се истакнувам и рекламирам“, рекол Бонар.

Доктор Бонар работел во Челзи, во периодот од 2001 до 2007 година и открил дека фудбалерите додека тој бил таму користеле недозволени средства.

Случајот ја разбрани британската јавност, но барем засега не постојат конкретни докази во овој случај, ниту, пак, се откриени имиња на спортисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП