13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРоманот „Доротеј“ од Добрило Ненадиќ преведен на македонски

Романот „Доротеј“ од Добрило Ненадиќ преведен на македонски

doro

Романот „Доротеј“ од Добрило Ненадиќ во издание на „Слово“ и во превод на македонски на Димитар Башевски, влегува во најтесниот избор на српската романескна книжевност.

Тој роман уште кога беше првпат објавен во 1977 година, беше пречекан со највисоки оценки, а потоа доживува повеќе изданија и е преведен и објавен на неколку јазици во светот.

Дејството на романот е сместен во раниот српски среден век и претставува историска фикција. Зборува за борбата за власт, за човечките мани и доблести, и низ сето тоа е исплетена една несекојдневна љубовна приказна на монахот Доротеј со жената на властелинот Лауш, љубов која неминовно завршува трагично.

Според мотивите на овој роман, во 1981 година беше снимен филм во режија на Здравко Велимировиќ, во кој забележителни улоги имаа и македонските актери Мето Јовановски, Дарко Дамески и Данчо Чевревски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП