17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувачката на злато од страна на централните банки достигна 5-годишен рекорд во...

Побарувачката на злато од страна на централните банки достигна 5-годишен рекорд во 2015-та

zlatko 33

Зголемените геополитички тензии и желбата за диверзификација на резервните средства во 2015-та година доведоа до раст на нето набавките на злато од страна на централните банки до 483 тони. Ова е второ највисоко годишно ниво од крајот на златниот стандард.

Четврта година по ред Русија е најголемиот купувач на злато, така што го зголемува обемот со 206 тони, во обид да се прошират резервите од американски долар поради конфликот со Западот. Податоците се од истражувањето на консултантската компанија „Thomson Reuters GFMS“.

Кина, чиј јуан ќе биде вклучен во кошницата на ММФ од резервни валути во оваа година, го објави првото зголемување на златните резерви од 2009-та година, така што купи 104 тони во втората половина на 2015-та година.

„Русија и Кина навистина се издвојуваат“, вели Рос Страчан, менаџер во ресорот за благородни метали во „GFMS“.

Додека побарувачката на злато од страна на централните банки се зголемува во 2015-та година, тоа го намалува интересот од страна на индустриските играчи и златарите. Благо се зголемува побарувачката од страна на купувачите на мало во позадина на 10-процентно намалување на цените до 1.060,91 долари за унца на крајот на 2015-та година.

Од почетокот на оваа година, благородниот метал е меѓу најдобрите суровини. Ова се објаснува со својство на инвестиција во позадината на стравувањата од „тврдото приземјување“ на кинеската економија и на стимулансите кои голем број централни банки ги воведуваат.

Во 2010-та година централните банки станаа нето купувачи на злато, откако во текот на две децении ги продаваа резервите од овој благороден метал. Клучен катализатор беше растот на набавки од страна на новите економии и така во 2012-та година нето купувањата се зголемија до 544 тони.

А сепак економските проблеми во некои новонастанати економии доведоа до продажба на златото од страна на централните банки. Земјите, зависни од приходите од продажба на нафта ги тестираа тешкотиите да обезбедат доларско финансирање и почна да продаваат злато. Иако продажбата се уште ниска по историските стандарди, бруто продажба во 2015-та година се зголеми за 43% до 77 тони.

Најмногу злато до крајот на јуни продала Венецуела (44 тони), а во рамките на комплексна трансакција со „Citi“ разменила дел од своите златни резерви за 1 милијарда долари.

Колумбија има продадено 6,9 тони, што е еквивалентно на две третини од нејзините златни резерви, Ел Салвадор – 5,4 тони, продажбата кај Германија изнесуваат 3 тони, а Канада и Мексико се продале по 1,3 тони злато, покажуваат податоците на „Thomson Reuters GFMS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП