2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРуна Светликова наградена за најдобар дебитант на СВП

Руна Светликова наградена за најдобар дебитант на СВП

runa 33

Поетесата Руна Светликова од Белгија ја доби наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО.

Од пристигнатите книги по своите поетски остварувања се издвоија книгите на Линли Едмеадес,  Нов Зеланд  – (Lynley Edmeades-  “As the Verb Tenses”);  Руна Светликова, Белгија – (Runa Svetlikova – “Deze zachte witte kamer” – “Padded White Room” )  Сара Елиза Џонсон, САД –  ( Sara Eliza Johnson-“Bone Map”) Хуан де Фроно, Колумбија – (Juan de Frono – “El coro blanko” –  “The Blank Chorus”) Габриел Говеа Акоста, Мексико – (Gabriel Govea Acosta – “Noctario”).

„Беше контатирано дека сите книги се зрели остварувања на автори, со високи уметнички и естетски вредности. Управниот одбор одлучи наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга која ја доделуваат СВП во соработка со УНЕСКО да ѝ се додели на Руна Светликова за автентичниот поетски ракопис во Оваа бела соба. Поетската книга на Руна Светликова е дебитантско ремек дело кое содржи зрели песни кои навестуваат творечка појава која ќе биде неодминлива и во Белгиската/фламанската литература, но и во целокупната европска, па и светска. Оваа награда ќе биде дополнителен поттик во нејзиниот творечки развој и придонес во распространување на поетските вредности на нејзиното творечко остварување за кое и е доделена“, велат од одборот за доделување на наградата.

Во изминатите години, наградата „Мостови на Струга“ се избори за високо место меѓу поетските награди на светско ниво и стана една од најпосакуваните награди на поетите – дебитанти, која широко им ги отвора понатамошните патишта на творечка афирмација.

Тоа го покажа и годинашниот интерес за неа и на адреса на СВП пристигнаа 21 книга од 17 земји. Управниот одбор и дирекцијата на СВП констаираа дека пристигнатите книги се со исклучителен квалитет и дека конкуренцијата за наградата во 2016 година е на највисоко од самото востановување на наградата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП