19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Штербик и Дибиров во идеалниот тим, Абутовиќ најдобар дефанзивец

СЕХА: Штербик и Дибиров во идеалниот тим, Абутовиќ најдобар дефанзивец

vidoe-timur-dibirov-prodal-suhi-list-siffertu-montpellier

Регионалната ракометна СЕХА лига, во пресрет на завршниот турнир, кој од 1. до 3.април, ќе се одржува во Вараждин, ги објави имињата на оние кои го обележале регуларниот дел на сезоната.

Македонскиот шампион, Вардар, во идеалната постава на сезоната има двајца играчи, Арпад Штербик и Тимур Дибиров, додека Илија Абутовиќ е прогласен за најдобар дефанзивец.

Штербик е најдобар голман, тој доби 69 поени и го освои признанието пред голманот на Веспрем, Роналд Миклер. Во трката за најдобро лево крило Дибиров со 63 поени победи пред играчот на Татран Прешов, Радослав Тантл.

Покрај Штербик (голман) и Дибиров (лево крило), место во идеалната постава има и за комплетната бековска линија на Веспрем Момир Илиќ (лев бек), Чема Родригез (среден бек), Ласло Наѓ (десен бек), односно за десното крило на ППД Загреб, Златко Хорват и пивотот на Мешков Брест, Растко Стојковиќ.

СЕХА го прогласи ракометарот на Веспрем, Момир Илиќ за МВП на сезоната.

Во категоријата за најдобар тренер Веселин Вујовиќ (ППД Загреб) ја освои наградата пред вардаровиот тренер Раул Гонзалес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП