26 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(01.04 – 05.04.2013)

 

 

Порастот на неделниот промет на Македонската берза, објавувањето на успешната понуда за преземање на Кјуби Македонија АД Скопје, како и најавите за скорешни прегрупирања во банкарскиот сектор се секако главните информации за неделата што е зад нас. Сето тоа најсликовито се одрази преку растот на вредностите на двата индекси на акции – индексот МБИ-10 порасна за +1,78% а МБИД за +3,51% на неделно ниво. Вкупниот промет во редовното трргување изминатата недела достигна 29,4 милиони денари што претставуваше пораст од 57% во однос на неделата претходно. На овој промет треба да се додадат и трите блок трансакции (АДУТ Македонија Битола со 4 милиони денари, УНИ Банка Скопје со 6,2 милиони денари и Повадрарие Неготино со 5 милиони денари).

Според реализираниот промет, најтргувани беа акциите на Комерцијална банка Скопје со промет од 5,3 милиони денари, Македонски телеком Скопје со промет од 4,4 милиони денари (02.април беше последниот ден со право на дивиденда, по што цената имаше совршена корекција надолу за износот на дивидендата и падна на 492 денари за акција), како и Алкалоид Скопје со 3,9 милиони денари неделен промет. Покрај нив, промет од над милион денари реализираа и акциите на Единство Тетово со 3,1 милион денари, Градежен институт Македонија Скопје со 3 милиони денари и Макпетрол Скопје со 1,3 милиони денари.

На регионалните берзи главно се бележеше пад на вредностите на индексите. SBI10 неделата ја заврши со намалување од -2.29%. Crobex забележа пад од -1.68%, Белградскиот Belex забележа благ пораст од +1.44%, додека софискиот Sofix имаше неделен пад од -0.83%.

Податоците за намалувањето на вработеноста во САД придонесоа после долг временски период американските индекси да ја завршат неделата во негатива. S&P 500 неделата ја заврши со пад од -0,57%, DOW JONES имаше помал пад од -0,05%, а NASDAQ имаше пад од -1,09%. Податоците за невработеноста во САД, надополнети со податоците за забавениот раст на европските економии придонесоа европските индекси да имаат уште поголем неделен пад од американските. DAX забележа пад од -1,76% на неделно ниво, FTSE 100 ја затвори неделата со пад од -2,53%, додека францускиот CAC 40 имаше пад од -1,82%. На азиските берзи, огромен раст имаше јапонскиот NIKKEI 225 од +5,92%, што се должеше на промените во јапонската централна банка и новите политики што се предлагаат а кои се однесуваат на купувањето на државни обврзници од страна на Централната банка заради стимулирање на економијата. Наспроти него, HANG-SENG под влијание на податоците од САД и Европа забележа остар неделен пад од -2,57%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП