4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроектот „Приштина во Скопје” во Јавна соба

Проектот „Приштина во Скопје” во Јавна соба

пристина

Јавна соба – дизајн центар е домаќин на проектот „Приштина во Скопје”. Ликовна уметност, дизајнерски парчиња, моден дизајн, накит, фотографија, мозаици, музички и кулинарски изведби во живо, Јавна соба ја претставува овој викенд најсилната страна на Косовската сцена, нивниот креативен потенцијал и храброст.

Последната генерација на ликовни уметници, продукт и модни дизајнери и музичари кои во последните 10 години се истакнаа на локалната сцена, многу брзо успеаја да се пробијат на светско ниво. Квалитетот и креативноста се евидентно двата базични адути со кои тие располагаат и настапуваат во глобални рамки.

ДЈ Јехона е звездата на приштинското музичкото небо. Како ДЈ еднаш месечно настапува во Берлин и Норштерн, Швајцарија. Најзиниот Детроит клубски стил ја истакна како една од најдобрите женски ДЈи на овие простори. Од таа причина и ДЈ Јехона е поканета да го отвори овој мини фестивал во 21:00ч.

Фатос Каваши е единствен ликовен уметник од регионот и со албанско потекло, чии дела се во колекција на Ватикан, во Музеј на папата.

Новиот дизајн бренд “Јас сум Лу” е најбрзорастечка модна и продукт дизајн компанија во регионот. Одличниот дизајн на чанти за млади професионалци им овозможи на групата дизајнери кои стојат позади овој бренд извоз во неколку европски држави и Америка.

Семестралниот магазин Косово 2.0 е едно од најпрестижните печатени изданија што било кога излегле од овие простори. Со преку 100 високо респектирани дописници од целиот свет, Косово 2.0 прерасна во светски медиум.

Влезот во Јавна соба е бесплатен за сите посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП