24 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Крунислав Стојановски во Кавадарци

Изложба на Крунислав Стојановски во Кавадарци

крунис

Денес, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена ретроспективната изложба на македонскиот академски ликовен уметник Крунислав Стојановски, кој 30 години живее и работи во Загреб, Хрватска.

Изложбата е насловена како „Циклуси“ и содржи дела од осум ликовни циклуси кои авторот ги стварал последните 20 години.

Во сабота пак, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржат два настани. Во Галеријата при Домот од 19 часот ќе се одржи концерт на пијано дуото Маја Божиновска и Мимоза Ќека, а во 20 часот во Салата на Домот на културата ќе се одржи Поетри – Слем натпревар Кавадарци 2016, со учество на дваесетина поети од цела Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП