3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија се поправа, одливот на капиталот намален

Кинеската економија се поправа, одливот на капиталот намален

juan 443

Кинеската економија покажува знаци на подобрување а одливот на капиталот е намален, им порачаа водечките кинески функционери на вознемирените силни осцилации на пазарите во последниот период и забавувањето на растот на втората според обемот светска економија.

Кинеските челници во повеќе наврати испраќаа пораки кои требаше да ги примират вложувачите и водечките финансиски институции, уверувајќи дека владата во Пекинг го контролира подзастанувањето на економските активности.

Податоците за периодот од почетокот на март, вклучително и оние за вложувања во сопственост со фиксни приноси и за вработеноста, покажуваат дека состојбата во економијата се подобрува, истакна на неделниот економски форум кинескиот вицепремиер Жанг Гаоли. „Не отстапуваме пред изјавата дека кинеската економија е соочена со притисок во насока на слабеење на активностите, меѓутоа општиот напредок е стабилен“, рече Жанг.

Министерот за трговија, Гао Хученг, на истиот форум изјави дека кинеската надворешнотрговска размена во март веројатно ќе покаже силно заздравување, по падот во првите два месеца од годинава. Индустриското производство во јануари и во февруари го забележа најслабиот раст од 2008 година, покажаа податоците од кинеската државна статистичка агенција објавени на почетокот од март.

Гувернерот на централната банка, Жоу Ксаочуан, тврди дека одливот на капиталот од Кина значително забавил, имајќи ги предвид стивнатите стравувања од слабеењето на економскиот раст. Изрази притоа загриженост поради големата задолженост на компаниите искажана во уделот од бруто домашниот производ (БДП), додавајќи дека сепак релативна заштита дава минатогодишната стапка на штедење малку над 46 отсто мерено со уделот во БДП-то.

„Кинеската економија во целост е високо задолжена (…), а особено висок е уделот на корпоративниот долг во БДП-то“, истакна Жоу. „Релативно високиот удел на долгот“, според него, би можело да предизвика одредени ризици, па треба да се посвети поголемо внимание на тоа прашање. Со тоа кинескиот гувернер ги повтори изјавите од прес-конференцијата одрана на маргините од самитот на Г20 во Шангај, потсетува Reuters.

Во извештајот објавен ланскиот јули агенцијата Standard & Poor’s, објави дека уделот на корпоративниот долг во кинескиот БДП во 2014 година скокнал на 160 отсто, од 120 проценти колку што изнесуваше една година претходно.

Кинеската влада, исто така, истакнува дека и покрај одлевањето на краткорочниот шпекулативен капитал, актуелното ниво на повлекување пари од Кина не предизвикува загриженост.

Аналитичарите предупредуваат дека централната банка тешко ќе го спречи одливот, имајќи го предвид слабеењето на економскиот раст. Од Пекинг, пак, возвраќаат дека како превенција ќе ја прилагодат политиката за да го задржат растот во разумен размер.

Владата, исто така, мора да ги ограничи ризиците на пазарите на акциите, долгот, девизите и недвижнините, да го спречи „ширењето на инфекцијата“ од другите пазари и да ги отстрани системските ризици во економијата, истакна Жанг. Кина ќе продолжи со реформите „на страната на понудите“, за да ги намали прекумерните капацитети во индустријата, со фокус врз секторите јаглен, челик, алуминиум и стакло, додаде.

Владата во Пекинг за 2016 година зацрта економски раст во интервал од 6,5 до 7 отсто. Минатата 2015-та, економијата порасна за 6,9 отсто, најбавно во последните 24 година, потсетува Reuters во својата анализа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП