20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛоренцо ја освои ГН на Катар

Лоренцо ја освои ГН на Катар

gn-katar

Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, со победа на трката за Големата награда на Катар, ја започна одбраната на титулата во кралската класа во Мото ГП шампионатот.

Лоренцо до победата на патеката „Лосаил“ дојде со време 42:28.452 минути, што за две секунди беше побрзо од времето кое го постигна возачот на Дукати, Андреа Довициозо, кој го освои второто место.

На овие двајца на победничкиот пиедестал им се придружи Марк Маркез возачот на Репсол Хонда, кој во последниот круг ги издржа нападите на Валентино Роси, кој го освои четвртото место.

Првенството во кралската класа продолжува на 3.април со трката за Големата награда на Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП