15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Канада се откажува од своите златни резерви, а Кина не?

Зошто Канада се откажува од своите златни резерви, а Кина не?

goldic 33

Канада, домот на некои од најголемите компании за екстракција на злато во светот, неодамна објави дека во пракса ќе ги ликвидира сите благородни метали кои се во државна сопственост и се пренасочува кон она што портпаролот на владата го прогласи за средства кои „лесно се продаваат“ средства, пишува „BloombergView“.

Процесот е долг. Канада поседува 1088 тони злато во 1955-та година. До 2000-та година количината е намалена до 46 тони. Денес се останати само … 77 унци. Ова ја става Канада на последно место во најновите податоци на Светскиот совет за злато. Според рангирањето Канада сега е на последно место по земји како Албанија, Хаити, Тринидад и Тобаго и Папуа Нова Гвинеја.

Образложението на Канада за распродавање е доволно логично. Реалните златни прачки не можат да бидат продадени толку брзо колку државните обврзници, на пример. А долгорочно централните банки и владите како целина добиваат подобра заработка, инвестирајќи во безбедни средства како американски државни хартии од вредност. Вистинското прашање не е зошто Канада продава злато, туку зошто другите земји толку силно се обидуваат да ги задржат и акумулираат, резервите од благородни метали и покрај фактот дека тие веќе не играат никаква улога во понудата на пари.

Причината некои земји да се придржуваат кон златото е слабо поврзана со стабилната фискална политика. Наместо тоа практиката рефлектира помалку опиплива и рационална тежина на минатото. Еден поглед на тоа кои земји го поседуваат металот – а кои не, претставува неочекуван модел. Земјите кои имаат значителни златни резерви во историјата, често биле глобални хегемонии, империални сили или економски мотори – или имале стремеж да бидат такви.

Во својата студија од 2012-та година двајца економисти од „University of Santa Cruz“ – Џошуа Ајзенман и Кент Инуе, откриваат дека „интензитетот на телото со злато е директно поврзано со глобалната сила“, останата од минатото на стара империја. Ова, велат тие, е особено точно за „земји кои се или биле снабдувачи на клучни валути“.

САД останува број еден на листата за златни резерви, а исто така останува и најголемата економија во светот и издавачот на најзастапената резервна валута. Но моделот се враќа доста поназад во минатото. Холандија беше империална суперсила во 17-тиот век, но го загуби овој статус пред многу време. Сепак таа ја држи десетата позиција меѓу земјите со најголемите златни резерви во светот, иако населението и е само 17 милиони луѓе.

Португалија пред империјата која се протегала од Бразил до Ангола и Макао, има 382 тони злато, со население од околу 11 милиони луѓе. По познатите империални сили – Германија, Италија, Франција, Русија и Велика Британија, се меѓу првите 20 од гледна точка на златните резерви.

Трендот не се ограничува до Европа. Јапонија, која се обидува да освои голем дел од Пацификот низ 20-тиот век и подоцна станува втората најголема економија во светот, е на 9-то место по златни резерви. Тајван, која станува економска суперсила во втората половина на 20-тиот век, е на 14-та позиција.

На сличен начин европските сили без значително минато со империални амбиции, немаат посебен интерес кон златото. Финска пример е некаде помеѓу Аргентина и Боливија по резерви од злато. Ирска е дури и подолу, притисната меѓу Летонија и Литванија. Овие земји се навикнати да живеат во сенките на многу поголема империјална сила и делат заедничко минато, освоен од поголемите соседи.

Во топ 20 сепак има и нови држави. Како што посочуваат Ајзенман и Инуе, не е случајност тоа што две земји станаа од мали играчи до мотори со купување на злато. Кина, на 6-то место, има купено 1762 тони злато, а Индија, која е на 11-та позиција, собрала 557 тони.

Златните резерви на Кина и Индија, велат научниците, „се зголемија паралелно со остариот раст на нивната економска сила“. Со други зборови, тие се последните економии, кои се насочиле кон тоа дека ако сакаш да имаш тежина, треба да поседуваш тежок метал.

Што не враќа назад кон Канада. Таа била играчка на империи, но никогаш немала сопствени царски амбиции. А политичарите нејзините никогаш не чувствувале потребата да ја изјават својата величина, со поседување на огромни резерви од злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП