6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТања Балаќ изложува во Прилеп

Тања Балаќ изложува во Прилеп

tanja

Во петок, во 19 часот во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“, во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Просторни дистанци“ од Тања Балаќ. Уметницата Балаќ пред прилепчани ќе се претстави со 20 дела.

„Најновата изложба на Тања Балаќ под наслов „Просторни дис¬танци“ претставува извесен додаток, суплемент на трагата, на остатокот, од претходната фаза, која стилски суптилно се прелеа од геометриски апстрактната, во новата репрезентативна, миметичка фаза“, вели Конча Пирковска за изложбата на Балаќ. .

Тања Балаќ е родена 1968 година во Скопје. Дипломира 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отдделот за сликарство. Во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Престојува во Париз 2003 година на студиски престој. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ. Од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ. Покрај сликарството, таа истражува и во полето на новите медиуми. Живее и работи во Скопје.

Има организирано повќе самостојни изложби, а учествувала и во повеќе од 100 групни изложби во Македонија и странство: Италија, Франција, Америка, Полска, Бугарија, Србија, Русија, Шведска.

Добитник е на повеќе престижни награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП