6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Билјана Бинчев во Прилеп

Изложба на Билјана Бинчев во Прилеп

bincev

„Емоции“ е изложбата на слики од Билјана Бинчев, што ќе биде отворена денес, во 19 часот, во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп.

Ова е нов циклус на слики со кои уметницата Билјана Бинчев за првпат се претставува пред љубителите на ликовната уметност во родниот Прилеп.

Преку делата Бинчев ја изразува нејзината емотивна состојба.

„Го пренесов на платното она што длабоко и интимно го чувствував во себе. И самите посетители ќе забележат дека жената е мојата преокупација во сите нејзини состојби. Се надевам она што го понудив ќе им се допадне на моите сограѓани“, вели Бинчев.

Бинчев има завршено Педагошки факултет во Битола, а подоцна и ФЛУ во Скопје во класата на професорот Јован Шумковски. Дипломирала 2014 година, при што е добитник на наградата за постигнат највисок просек и одлични резултати во студирањето.

Имала самостојни изложби во Кавадарци и Неготино, а учествувала на повеќе групни изложби, на ликовни колонии и член е на ДЛУП и ДЛУМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП