19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапото суши во светот (фото)

Најскапото суши во светот (фото)

angelitoo11

Шефот Ангелито Аранета Јр, кој е познат во целиот свет под надимакот „Карат Шеф“ го држи Гинисовиот рекорд за најскапото суши во светот…

angelito1

Овој човек направи чуден пресврт во креирањето на типичното нигира суши. Покрај традиционалната јапонска подготовка, Ангелито го направи своето ремек дело посебно, додавајќи му 24-каратни златни листови и 0,20 карати африкански дијаманти. Ова луксузно ремек дело чини 1.978 долари, па затоа е најскапото суши во светот.

angelito3

Неговото суши се прави со јапонски ориз, норвешки лосос, морски краставици, манго, паштета од гуска и мајонез. На целата приказна се додадени и специјалниот италијански оцет и Мусковадо шеќерот.

angelito2

Тој не ги ограничува своите вештини кога прави златно суши, бидејќи го прави на повеќе начини. Ангелито златото го додава и во своите коктели, како и во говедските специјалитети. Тој исто така направи и колачиња од ориз во облик на зајчиња, ги прекри со злато и дијаманти, а со тоа и цената им ја зголеми на невројатни 2,700 долари.

angelito4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП