19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонски играни филмови во Домот на култура во Кавадарци

Македонски играни филмови во Домот на култура во Кавадарци

babai

На репертоарот на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, наредните две недели се два македонски играни филмови од поновата филмска продукција.

Од понеделник до среда со почеток од 19.30 часот ќе се прикажува филмот „Три дена во септември“. Билетите за претставите можат да се набават два часа пред почетокот од 17.30 до 19.30 часот. Филмот „Tри дена во септември “ е дебитантски игран филм на режисерот Даријан Пејовски кој светската премиера ја имаше на овогодинешниот 39. Филмски Фестивал во Монтреал ,ќе се прикаже на Интернационалниот филмски фестивал во Чикаго и Интернационален филмски фестивал во Котбус, Германија. Филмот е направен во копродукција со Иконе студио од Косовo. Филмот беше подржан од Агенцијата за филм и Косовскиот филмски ценатар.

„Три дена во септември” е приказна за две комплетно различни жени кои по игра на судбината се приморани да си помогнат една на друга. Марика убива човек во самоодбрана. Таа бега со воз каде што ја запознава Јана, тивка и срамежлива жена во своите доцни 30-ти. Јана патува кон нејзината куќа во изолиран крај длабоко во планините, кој ги крие нејзините тајни. Марика препознава шанса за да се засолни. Деновите минуваат во тивка меланхолија, а сомнежот на двете жени за нивните вистински намери станува сѐ посилен.

Во филмот играат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал.

Филмот се снимаше во 2014 година на локации во Скопје, Преспа и националниот парк Јасен. Во филмот се говори на македонски и албански јазик.

Следната недела од понеделник до среда ќе се прикажува филмот „Татко“. Филмот „Татко“, е копродукција помеѓу Германија, Косово, Македонија и Франција. Исто така, филмот е дебитантски игран филм на режисерот Висар Морина. „Татко“ беше премиерно прикажан оваа година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари како филм од официјалната компетиција и ја доби наградата Кристален глобус за најдобра режија. Филмот досега освои 6 награди. „Татко“ ќе се прикаже на повеќе значајни интернационални филмски фестивали што говори за квалитетот на филмот, а беше и косовски кандидат за номинација за Оскар во категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје. Исто така е одбран за награди на Европската филмска академија.

„Татко“ е емотивна бегалска драма која ја раскажува приказната на 10-годишниот Нори и неговиот татко Гзим во предвоено Косово во 90-тите години на минатиот век.

Гзим бегајќи од минатото го напушта Косово без својот син, а момчето ќе стори сѐ за да го задржи својот татко во оваа намера. Лут, но цврсто одлучен Нори тргнува на опасно патување за да го најде Гзим, кој бега во Германија. Со упорност каква што само дете може да има, тој се спротивставува на својот татко, на кого не може да му прости за тоа што го напуштил.

Улогите ги толкуваат: Val Maloku, Astrit Kabashi, Enver Petrovci, Adriana Matoshi, Aurita Agushi Armend Ismaili, Alban Ukaj, и актерот од Македонија, Џевдет Јашари.

И овој филм се снимаше во 2014 година на локации во Германија и Македонија. Јазик кој се користи во филмот е албански, германски, српски и англиски. „Татко“ беше подржан од Агенцијата за филм на Македонија како малцинска копродукција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП