26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер најмалку еден месец без Икарди

Интер најмалку еден месец без Икарди

ikardi

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, поради повреда на коленото ќе отсуствува од фудбалските терени еден месец, пренесе Skay Sports.

Интер, во саботата, славеше на Болоња (2:1) и остана во трката за третото место, кое носи пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Мечот со Болоња, Икарди го напушти по само десет минути игра, а по деталните прегледи в понеделник, ќе биде познато и колку е сериозна повредата.

Поради повредата, аргентинскиот напаѓач, ќе го пропушти дербито со Рома кое на програмата е наредната недела.

Мауро Икарди, минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А, со 22 постигнати голови, во тековната сезона во италијанското првенство тој 12 пати ги тресел противничките мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП