19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои земји произведуваат најмногу енергија од ОИЕ во ЕУ?

График на денот: Кои земји произведуваат најмногу енергија од ОИЕ во ЕУ?

sonce veter 33

Листата од земји на Европската унија (ЕУ), кои остваруваат своите цели во однос на енергијата од обновливи извори (ОИЕ), продолжува да расте. Како дел од постојаниот прилив на добри вести во последните три години, се покажува дека се повеќе земји ги извршуваат своите цели за 2020-та година за генерирање на обновлива енергија со многу брзо темпо.

Меѓу првите се Шведска, Бугарија и Естонија, а минатата година во клубот влезе и Литванија.

Сега уште повеќе земји се придружуваат. Со Финска, Хрватска, Романија, Италија и Чешка бројот на земјите кои ги исполниле обновливите цели за 2020-та година, се удвојува. Податоците доаѓаат од статистичката агенција на ЕУ – Евростат, а последните бројки се за 2014-та година.

Шведска продолжува да генерира најмногу енергија од обновливи извори, во голема мера поради бројните водни ресурси. Земјата генерира над половина од енергијата преку обновливи извори.

Во ЕУ како целина 16% од генерираната енергија е од „ОИЕ“. Тоа е со 1 процентен поен повеќе од претходната година и се повеќе се доближува регионот кон исполнување на целта од 20% во 2020-та година. Сонцето и ветрот се најбрзо растечките извори на енергија од „ОИЕ“, а капацитетот се зголемува прогресивно во последните 15 години.

Сето тоа е дел од познатата како стратегија „20-20-20“ на ЕУ, која вклучува мандати за намалување на штетните гасови за 20% и зголемување на обновливата енергија и енергетската ефикасност за 20% до 2020-та година.

Ова ја создава основата, потребна за посветеноста на ЕУ, како дел од преговорите за климата во Париз, за ​​намалување на штетните гасови за 40% под нивоата од 1990-та година до 2030-та година.

Други земји исто така се на пат да ги постигнат своите цели порано. Меѓу нив е Данска, земјата која постави светски рекорд за енергијата генерирана од ветерот во минатата година, како и Австрија, и дури силно задолжената Грција.

grafikata 333

Не сите вести на тој фронт сепак се добри. Некои од најголемите загадувачи на ЕУ продолжуваат да се далеку од постигнување на своите цели. Германија, Франција и Велика Британија, кои заедно формираат 45% од сите штетни гасови во ЕУ, се исто така доста назад во нивното остварување. Од трите само Франција си постави поамбициозна цел, отколку онаа на ЕУ како целина.

Согорувањето на дрво и други цврсти биогорива е најголемиот дел од обновливи извори во ЕУ. Анализа на „Climate Central“ сепак открива дека согорувањето на биомаса во индустриски размери може всушност да го забрза глобалното затоплување. Затоа ЕУ испитува дали биомасата треба да добива субвенции како обновлива форма на енергија.

Неколку земји произведуваат помалку енергија од обновливи извори во 2014-та година, отколку во 2013-та година. Меѓу нив се Бугарија и Хрватска, што покажува дека постигнувањето на целите за 2020-та година е само дел од сметката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП