13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПривршува реконструкцијата на Домот на култура во Кисела Вода

Привршува реконструкцијата на Домот на култура во Кисела Вода

dom kultura kvoda

Привршуваат градежните работи на објектот на старото кино во Кисела Вода кој се реконструира и адаптира во нов мултифункционален објект Дом на култура, а на увид во петок беа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

„Правиме максимални напори за токму на 29-ти јуни, кога е Ден на општината, свечената седница на Кисела Вода да се одржи токму во новиот објект на Домот на култура“, рече градоначалничката Беличанец-Алексиќ.

Покрај сите пропратни простории како билетарница, тоалети, објектот има и дел каде ќе можат да се организираат изложби, просторија за библиотека, административни канцеларии, музичка просторија, просторија соодветна за расвета и озвучување на настаните, заден дел на бината кој ќе се користи како остава на сценографија, има простор за костими, во долниот дел има просторија за вежбање, за проби.

Градоначалничката појасни дека според димензиите театарската сцена е по сите стандарди за да може кулисите во текот на претставата да се повлекуваат во длабочината нагоре.

„Според проектот предвидени се 157 седишта, но гледајќи го просторот мислам дека постои можност за околу 180-200 седишта. Бидејќи како театарски деец знам дека сите идни новоформирани театарски трупи ќе бараат простор, ќе бараат алтернативен простор за своите дела. Така што, за многу кратко време ова ќе биде еден облагороден убав простор со кој Кисела Вода ќе се гордее“, рече градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Старото кино во Кисела Вода долги години беше руиниран и нефункционален објект, за наскоро да прерасне во објект кој ќе овозможи развој на културата.

Министерката за култура Канческа Милеска рече дека станува збор за значајна капитална инвестиција која се наоѓа во програмата на Владата и на Министерството за култура и во кој заеднички се инвестирало и со општината Кисела Вода.

„Од огромно значење е ставањето во функција на овој објект. Бидејќи Кисела Вода е една од најголемите општини и заслужува да има еден ваков репрезентативен мултифункционален објект кој што ќе биде во интерес на сите граѓани на Кисела Вода, во интерес на културата и локалниот културен развој“, истакна Канческа – Милевска.

Појасни дека на овој објект ќе се додели и нова кино опрема, согласно проектот со Агенцијата за филм од каде се набавуваат кино проектори и платна и додаде дека овој објект ќе има функција и на кино сала каде што ќе се следи и македонската домашна и странска филмска продукција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП