3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСимфониски концерт „Црн бран“ со маестро Пшибилски

Симфониски концерт „Црн бран“ со маестро Пшибилски

psibilski

Македонската филхармонија со задоволство Ве кани на симфонискиот концерт „Црн бран“, кој ќе се одржи денес, во Домот на АРМ со почеток во 20 часот.

Под палката на маестро Јануш Пшибилски од Полска, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе култното дело „City Noir“ од современикот Џон Адамс, што ќе биде прва изведба кај нас на дело од овој влијателен американски композитор.

Како солист оваа вечер, ќе се претстави врвниот руски и светски пијанист Евгениј Корољов, кој ќе го изведе најдобриот Концерт за пијано и оркестар од В.А. Моцарт, во c-moll KV 491.

На концертот „Црн бран“ ќе биде изведено и делото „Молитвами…“ од Гоце Коларовски, со што ќе се одбележат десет години од прераната смрт на македонскиот истакнат композитор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП