19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Поточиња“ 2016 на 26-ти и 27-ми март во МОБ

„Поточиња“ 2016 на 26-ти и 27-ми март во МОБ

potocinja festival 335

Традиционално, како и секогаш, доаѓањето на пролетта носи и ново издание на детскиот фестивал Поточиња.

Овој реномиран детски фестивал годинава ќе го има своето 13-то издание, а организаторот „Пап продукција“ најавува 15 нови детски хитови, видео најави, награди и изненадувања за присутните.

За сликата да биде комплетна, сцената на Македонската опера и балет ќе блесне во волшебен сјај подготвена за уште една голема детска забава.

„Поточиња“ 2016 ќе се одржи на 26-ти и 27-ми март во МОБ, а термините за претставите се 11, 13 и 19 часот во двата дена. Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ, Југотон рекордс, 1/2 Југотон и цвеќара Розе 2, по цена од 200 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП