19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложби, проекции на филмови и дебати по повод седмите „Вечери на женски...

Изложби, проекции на филмови и дебати по повод седмите „Вечери на женски права“

zeni-zenski

Изложби, проекции на филмови и дебати, се дел од големиот број  активности коишто ќе се организираат од 7 до 12 март по повод седмото издание на „Вечери на женски права“.

Во понеделник, во  Изложбениот салон Империјал 1 во КИЦ, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“.

Во вторник, ќе се одржат поголем број активности на повеќе локации. Во „Холидеј Ин“ во 9.30 часот ќе се одржи Национална конференција за одбележување на 10 години од донесување на  Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.

Во КИЦ во 13 часот ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата Историја на жените на западот „Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во Кинотека Македонија во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет – Навал Ел Садави”, во режија на Констанзе Буркард, а по прикажувањето на филмот ќе се одржи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.

Во среда, во Кинотека на Македонија, во 18 часот ќе биде прикажан шпаскиот филм „Танџер гол“ кој е во режија на Хуан Готје, додека во 20 часот ќе се прикаже филмот „Да си ја знаеш слободата” кој е во режија на Суприја Шринивас и Галија ал Акили. По прикажувањето на филмовите ќе се одржи дебата на тема „На две патеки: мажите и жените во спортот“.

Во четврток, во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе се прикаже филмот „Солидарност од женски аспект” кој е во режија на Марта Џидо и Пјотр Сливовски, по што ќе се одржи дебата на тема „Родовата еднаквост на политичката агенда“.

Во петок, во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани поголем број кратки филмови од Конкурсот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, каде што публиката ќе може да ги проследи филмовите: „Ипсилон”,  на авторката  Анастасија Точевска; „Жената е човек”,  на авторите: Јасмина и Гоце Трајкоски, „Украдена Насмевка”, на авторот Сергеј Сарчевски, „Одзив”, на  авторот Сара Александровска и „Нескршлив ум”, на авторот Филип Петрески.

По проекцијата на кратките филмови, ќе биде прикажан филмот „Аристофан во Днопоље“ во режија на Наташа Милоевиќ и Небојша Радосавлевиќ, а по филмот ќе се одржи дебата на тема „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.

Седмото издание на „Вечери на женски права“ ќе бидат затворени во сабота, во Кинотека на Македонија во 20 часот со прикажување на филмот „ Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн.

И годинава покровител на „Вечерите на женски права“ е Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП