3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКиновикенди со документарен филм

Киновикенди со документарен филм

kikovendi

Со оглед на тоа што живееме во реалност која станува пофиктивна и од самите играни филмови, документарниот филм станува сѐ поинтересен за љубителите на филмската уметност.

Поради тоа, фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ одлучи да организира „МакеДокс Кино-викенд(и)“, кадешто на македонската публика ќе ѝ се даде можност уште еднаш да погледне некои од документарните филмови кои беа дел од програмата на фестивалот.

Затоа во петок и сабота, љубителите на документарниот филм ќе може да ги погледнат следние филмови во киното „Фросина“ во МКЦ: петок: 20 ч.– „Секојдневен бунт“, 22 ч.– „Секс за шуми“, сабота: 20 ч.– „Доаѓаме како пријатели“ и во 22 ч.– „Погледот на тишината“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП