18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Историјата на луѓето кои умреа од страв” на Лафазановски на српски јазик

„Историјата на луѓето кои умреа од страв” на Лафазановски на српски јазик

lafazanovski

Шестиот роман, „Историјата на луѓето који умреа од страв” на истакнатиот македонски прозаист Ермис Лафазановски, кој беше македонски кандидат за наградата „Балканика”, деновиве доживеа издание на српски јазик.

Со поддршка на Фондацијата С. Фишер – нa Мрежата Традуки, во превод на академик Ристо Василевски, изданието го објави реномираниот српски издавач „Геопоетика” од Белград.

Во редакциската белешка за романот, меѓу другото пишува: „Антропологијата на стравот, како и манипулативните стратегии кои стравот го користат како секојдневно оружје за затапување на чувството за објективност се клучни теми што преовладуваат во романот. Ликовите во текот на целото дејствие се суптилно изложени на најразлични застрашувања чија цел е од поединците да направат послушен колектив… Со својот несекојдневен роман Лафазановски го потврдува своето високо, неприкосновено место во современата македонска проза, нудејќи роман кој ги катапултира неговите луцидни постапки во впечатливо и комплетно дело”.

Ова е инаку втор роман на Лафазановски кој е за мошне кратко време објавен на српски јазик. Во 2013 година, истиот белградски издавач, во превод, исто така, на академик Василевски, го објави и неговиот роман „Храпешко” кој предизвика големо внимание во српска книжевна јавност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП