29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKонцептот BMW X4 подготвен за производство

Kонцептот BMW X4 подготвен за производство

BMW-X4-koncept-1

Кога веќе потрошувачите сакаат кросовери и SUV модели, зошто производители на автомобили да го игнорираат тоа барање. Така во „BMW“ сакаа да го искористат својот раст во овој сегмент низ моделите од Х серијата

Важноста од X серијата може да се види и во фактот дека секој четврти испорачан автомобил на баварскиот производител припаѓа на овој сегмент.

BMW-X4-koncept-2

„BMW“ сега своите SUV модели ги подели во две основни категории „Sports Activity Vehicles“ модели во кои спаѓаат X1, X3 i X5 и „Sports Activity Coupe“ модели во која група досега припаѓаше само X6.

Сега од Минхен пристигнува друг модел кој ќе му прави друштво на Х6 и ќе ја има ознаката Х4, а свечената презентација на овој концепт се очекува на авто-саемот во Шангај на 21-ви април. Стилот на Х4 е дело на дизајнерот Карим Хабиб, кој рецептот од Х6 го применил на компактна платформа, додека предниот и задниот дел инспирација влечат од серијата 3 и претстојното купе на серијата 4.

BMW-X4-koncept-3

Концептот кој според зборовите на луѓето од „BMW“ скоро 90 проценти е подготвен за производство, е долг 4648, широк 1915 и висок 1622 милиметри. Според димензиите е многу сличен на Х3 со кој го дели меѓуосовинското растојание од 2810 милиметри.

Засега нема информации за понудата на мотори, но 100 проценти е сигурно дека тие ќе бидат исти како и на Х3, што значи дека може да се очекуваат 2.0 литарски четирицилиндричен бензински агрегат со 240кс, како и 3.0 литарски шестцилиндричен мотор со 300кс.

BMW-X4-koncept-4

Во BMW потврдија дека Х4 ќе се произведува заедно со Х3, Х5 и Х6 во фабриката во американскиот град Спартанбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП