6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроекција на документарниот филм „Bikes vs Cars" во Кинотека

Проекција на документарниот филм „Bikes vs Cars” во Кинотека

koli-to;aci

Проекција на документарниот филм „Bikes vs Cars” ќе се одржи во четврток вечер во Кинотека на Македонија.

Филмот зборува за тоа кое е местото на одржливите начини на превоз во политиките и на улица, како градовите се трансформираат во автоцентрични под влијание на различни притисоци и интереси, но и како преминуваат кон мултимодалност поради подигнувањето на свеста во денешно време.

Случувањата во филмот зборуваат за тоа како во ситуација со сè поголеми гужви и нездраво долго време поминато во кола, климатски промени и жртви на улиците, се сфаќа дека не постои град во светот кој квалитетно го решил прашањето на мобилноста базирајќи се само на автомобилот. Се случува промена на парадигмата паралелно на повеќе меридијани во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП