23 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПравописот да се стави на интернет

Правописот да се стави на интернет

pravopis 33

Апел до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје по повод објавувањето на Правописот на македонскиот јазик во печатена верзија, да се дигитализира и да се постави на интернет, со што би станал достапен за поширока публика.

Минатата недела беше промовиран новиот Правопис на македонскиот јазик од страна на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје, кој е достапен за продажба во печатена верзија.

Со оглед на тоа дека се работи за образовно средство изработено со јавни пари, постои одлична основа истото издание да биде достапно до целата јавност во дигитална форма, преку интернет во форма на отворен образовен ресурс.

Апелираме до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да овозможи пристап до Правописот во дигитална форма бесплатно како отворен образовен ресурс за сите граѓани на Македонија – кои како даночни обврзници веќе имаат платено за овој труд, а и луѓето од целиот свет кои се заинтересирани за правописот на македонскиот јазик, велат од фондацијата Метаморфозис.

Отворени образовни ресурси (ООР), се образовни средства и содржини кои се слободни за употреба, појаснуваат. Тоа се образовни алатки кои се бесплатни и можат без никаков надомест да се користат во едукативни и истражувачки цели. Покрај тоа, ООР се слободни и за дистрибуција врз претходно дефинирани авторски и сопственички права кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат умножувањето на овие алатки.

Отвореното образование е светско движење кое влијае на создавање на политики во ЕУ чијашто цел е да стимулираат висококвалитетни, иновациски начини на учење и настава преку дигиталните технологии и содржини, со мерки на ниво на ЕУ и на национално ниво, на пр. поддршка за институциите за учење, наставниците и учениците од сите возрасти во стекнувањето дигитални вештини, со воведување на нови методи за учење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП