
Сезоната на диети почна на големо, а со неа и фамозното броење на калориите. За да ви ја олесниме работата ја преведовме вредноста од 100 калории во количина на одредени намирници, од еден компир па до 100 малини. Еве како изгледа тоа…
Печен компир

1 мал печен компир (околу 5 сантиметри должина) = 100 калории
Сардини

4 конзервирани сардини во масло, исцедени = 100 калории
Суви смокви

5 суви смокви = 100 калории
Ракчиња

13 големи варени ракчиња или приготвени нa пареа = 100 калории
Переци

21 несолени мини переци = 100 калории
Суво грозје

50 парчиња без семки = 100 калории
Малини

100 свежи малини = 100 калории
Ротквици

100 свежи ротквици = 100 калории
Прокељ

12 главици свеж прокељ = 100 калории
Интегрални тестенини

34 парчиња = 100 калории



