22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата на фотографии од Катја Штркова во галерискиот простор на НЛБ Тутунска...

Изложбата на фотографии од Катја Штркова во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка

katja

Изложбата на фотографии од Катја Штркова со наслов „Во текстури” ќе биде отворена денес во 20 часот во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка.

Проектот се состои од фотографии кои вклучуваат субјект и архитектура од еден град (вклучувајќи и екстериер и ентериер од одреден објект/и). Фотографиите се игра на сенки и форми, снимени во обичното „живеење”  на градот во својата големина, со која фотографиите добиваат визуелно графичка нота. Во поголемиот дел од делата (фотографиите) човекот т.е. субјектот има споредна, но истовремено и клучна улога, наспроти архитектонскиот елемент и композицијата во која е снимен. Темата се третира како т.н. соработка со објектот и човекот со својата форма и физикус, или спонтаната улога на човекот во шемата / текстурите на еден град.

Поднаслов на „Во Текстури” е „Јас и градот”, каде „ЈАС” е секоја единка во општеството, како и истовремено е портрет на самиот автор и неговото видување  на една средина. „ГРАДОТ” е секое урбано место, затоа освен Скопје, има фотографии во кои им е доделена улога и на Велес, Ровињ, Пореч, Белград и др.

Изложбата ја сочинуваат 40 фотографии во црно бела техника. Фотографиите не се пејсажни и не откриваат точна информација за кој град станува збор, главниот детал се дезените, формите и човекот кој помага не/намерно да се оформи композиција. Проектот опфаќа дела снимени во изминатите 3 години, како и овогодинешни фото записи.

Ова е прво самостојно концепт претставување на авторот со дела од жанрот на уличната фотографија, а второ самостојно изложување пред јавноста.

Изложбата ќе остане отворена сѐ до 09.03.2016 година, период во кој паркингот на Банката ќе биде слободен за посетителите на изложбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП