18 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРА„Педесет нијанси сиво“ освои дури четири Златни малини

„Педесет нијанси сиво“ освои дури четири Златни малини

malini

Еротската драма „Педесет нијанси сиво“ освои најмногу Златни малини(Razzie Awards), ‘награди’ за најлоши филмски остварувања во изминатата година и е преименувана во „Педесет нијанси ѓубре“, додека холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне дочека организаторите да му оддадат признание за конечно добро одиграна улога и да му доделат посебна награда за „искупување“.

„Педесет нијанси сиво“, филмот базиран на бестселерот на Е.Л. Џејмс и апсолутен хит на студиото Универзал Пихчрс кој заработи 571 милион долари, доминираше на прогласувањето на најлошите, што традиционално се организира вечерта во пресрет на Оскарите. Главните актери Џеми Дорнан и Дакота Џонсон се прогласени за најлош актер и актерка, а филмот доби и Малина за најлошо сценарио, па заедно со „Фантастичната четворка“ се прогласени за најлоши филмови.

Сталоне(69) е главен фаворит за Оскар за споредната улога во филмот „Creed“, каде што ја репризира својата славна улога на Роки Балбоа, а Малина доби за искупување бидејќи од апсолутен првак по бројот на тие награди се претвори во легитимен кандидат за Оскар.

Сталоне не е единствениот чие име ќе се споменува истиот викенд и на Малините и на Оскарите. Еди Редмајн, кој доби Малина за најлош спореден актер за „Воздигнувањето на Јупитер“, лани доби Оскар за најдобар актер, а оваа година повторно е номиниран за „Данска девојка“.

Шест актери пред него прво освојувале Малина, па Оскар за некој друг филм, вклучувајќи ги Хали Бери, Кевин Костнер и славниот Лоренс Оливие.

За најлоша актерка е прогласена ѕвездата на „Теоријата на големиот Бенг“ Kaley Cuoco за два филма: „Алвин и верверичките4“ и „ The Wedding Ringer”, а најлош е режисерот на „Фантастичната четворка“ Џош Транк.

Ова беше 36 доделување на Златните малини. Ретко кој доаѓа да си ја земе наградата, која е мал кип во форма на малина, попрскана со златна боја. Наградата вреди околу пет долари, но тоа не ја одразува нејзината потенцијална вредност на eBay.

За номинациите и победниците одлучуваат гласовите на 934 членови на Razzie во 48 американски сојузни држави, како и во над 20 странски земји. Сите можат да учествуват во гласањето, а членарината изнесува 40 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП