17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските регулатори ќе им наметнат нови стрес тестови на банките

Европските регулатори ќе им наметнат нови стрес тестови на банките

testovi banki 33

Најголемите европски банки ќе бидат подложени на стрес тестови кои ќе го измерат нивниот капацитет да одолеат на домашната економска контракција, шоковите на главните пазари во развој и падовите на пазарите на недвижности и суровини, соопштува „The Irish Times“.

Ниту една од нив нема да помине или да падне на тестовите. Тестот го нема потребниот минимум за идентификување на капиталните дефицити – разлика во однос на претходните практики, бидејќи банките се излезени од финансиската криза, посочува Европскиот банкарски орган (European Banking Authority, или EBA).

Супервизорите, на пример Европската централна банка (ЕЦБ) или централната банка на Англија, ќе ги вклучат резултатите во годишни проценки на доверителите. И двете тела соопштија дека индустријата е добро капитализирана и нема да наметнуваат значителни нови капитални барања.

Неповолното сценарио за стрес тестовите во оваа година, објавени во средата од лондонската „ЕВА“, ги изложува банките на рецесија во Европската унија во оваа и следната година и со анемичен раст во 2018-та година.

Тоа претпоставува бруто домашниот производ (БДП) на Кина да порасне за 3,4% во оваа година во однос на основната прогноза од 6,5%.

Во Русија и Бразил се очекува БДП за 2016-та година да потоне за 8,1% и 5,9%.

„Овие стрес тестови имаат ограничено влијание врз капиталните планови на банките. Овие сценарија не се толку далеку од денешните стравови во однос на банкарските проценки“, велат аналитичарите од банка „KBW“ во пораката по известувањето на „EBA“ од средата.

Цените на суровините исто примаат удари во неповолното сценарио на „ЕВА“, а цената на нафтата се урива за 48% во оваа година од главната прогноза за околу 54 долари за барел.

Нафтата сорта „Брент“ за испораките во април поевтини за 56 центи, или 1,6%, до 33,85 долари за барел во четвртокот наутро на берзата во Лондон. Цените остануваат со околу 44% под основните нивоа за 2017-та и 2018-та година во тестовите на „ЕВА“.

Сценариото прогнозира дека долгорочните каматни стапки во ЕУ ќе бидат повисоки за 71 базични поени во 2016-та година, со 80 базични поени во 2017-та година и со 68 базични поени во 2017-та година.

Во меѓувреме тестот вклучува и заеднички пад од 6% на цените на куќите, дополнителен шок од 7,5%, се однесува на сите земји од ЕУ, и дополнителни падови на цените на куќите во Данска, Ирска и Словачка.

Во 2014-та година, за преминувањето на основното сценарио банките требаше да одржат сооднос на капитал спрема ризичните активи од 8%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП