26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте се договорил со Челзи

Конте се договорил со Челзи

конте-ронте

Италијанскиот селектор Антонио Конте, по завршувањето на Европското првенство, ќе седне на менаџерското столче во премиерлигашот Челзи.

Водечките светски медиуми, денес, пренесоа дека Конте договорил три годишна соработка, а годишно ќе заработува 6,5 милиони фунти.

Конте е најзаслужниот за враќањето на Јувентус во самиот врв на европскиот клуб, откако клубот речиси беше маргинализиран по аферата Калчопили и исфрлањето во Серија Б.

Младиот стратег со „Старата дама“, освои три титули во низа, во Серија А, а потоа поради несогласувањата со клупската трансфер политика го напушти Јувентус.

Конте, практично ја селектираше екипата која минатата сезона, под водство на неговиот наследник, Масимилијано Алегри, играше во финалетово Лигата на шампионите и ја освои четвртата титула во низа во Серија А.

по заминувањето од Јувентус, Конте, стана селектор на италијанската репрезентација, со која има низа од десет натпревари без пораз и со која избори пласман на Европското првенство во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП