21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБајден ќе биде најавувач на Оскарите

Бајден ќе биде најавувач на Оскарите

bajden

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден во неделата на доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскарите ќе се појави во улога на најавувач, а ќе го најави настапот на Леди Гага, објави неговиот кабинет.

Бајден ќе ја претстави Леди Гага којашто ќе ја отпее „Til It Happens to You“, песна номинирана за Оскар од филмот „The Hunting Ground“. Песната зборува за сексуалното злоставување на американските универзитетски кампуси.

Потпретседателот Џозеф Бајден е деклариран борец против насилствата над жените и автор на истоимениот закон усвоен во 1994 година.

„Потпретседателот ќе ја искористи можноста за да ги повика сите гледачи да се ангажираат и да укажат на сексуалното насилство над жените, така што ќе придонесат да се промени свеста во пристапот на овој проблем“, соопштија од Белата куќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП