3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДокументарен филм за Радован Павловски во ДПМ

Документарен филм за Радован Павловски во ДПМ

dok film111

Во Друштвото на писателите на Македонија, денеска во 12 часот ќе биде промовиран документарен филм – портрет посветен на големиот македонски поет, академик Радован Павловски.

Филмот со наслов „Од Река до вечноста“ е во продукција на Културно-уметничката програма на Македонската телевизија. Проектот е работен по сценарио на Лидија Мешкова, а во режија на Љупчо Стојановски.

На промоцијата на филмот во ДПМ ќе зборува д-р Иван Џепароски, а на присутните ќе им се обрати и поетот Радован Павловски. Програмата ќе ја води Александра Велинова.

Богатиот опус на Радован Павловски, во кој влегуваат и култните книги „Суша, свадба и селидби“, „Корабија“, „Високо пладне“, „Зрна“, „Молњи“ и „Клучеви“, остави силен печат во развојните процеси на современата македонска литература. За естетските дострели во својата поезија Павловски е носител на високи книжевни признанија во земјата и во светот. Автор е на поетските манифести „Епското на гласање“ (1960) и „Манифест на Поетска Република Железна Река“.

Неодамна Друштвото на писателите на Македонија ја одбележа 80-годишнината од раѓањето на Радован Павловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП