29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКој најмногу страда од стресот?

Кој најмногу страда од стресот?

stres

Во деловниот свет стресот најчесто влијае на менаџерите на средното ниво.

Тие страдаат многу повеќе од своите шефови, но и од своите подредени, вели истражувањето.

Проблемот е во тоа што овие вработени најмногу се изложени на конфликти – како со шефовите над нив така и со подредените работници. Менаџерите од средното ниво треба да ги оправдаат големите очекувања од надредените, да ги исполнат сите работни задачи, да постигнат успеси, а истовремено да ја задржат емпатијата за своите подредени, што во праксата не е така лесно.

Резултат од ваквите непријатни ситуации, или работењето „во средина“ донесува чести конфликти. Овие вработени трпат големи стресови поради ситуацијата во која се наоѓаат, тие најчесто ги вложуваат сите свои напори за останатите да бидат задоволни.

„Овие луѓе најчесто се амбициозни, сакаат да напредуваат и да достигнат повисок животен стил. Тоа значи и многу поголеми предизвици, но ова најчесто оди заедно со стресот“, објаснува експертот Сузан Шулц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП