18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците ги менуваат потрошувачките навики

Американците ги менуваат потрошувачките навики

shopping

Американците преку рефундирање на данок ќе вратат околу 330 милијарди долари, а повеќе од половината од тие пари ќе бидат одвоени за штедење или враќање на долгови, нешто што не и одговара на американската економија која во добар дел се потпира на личната потрошувачка.

Околу 66 проценти од индивидуалните даночни обврзници во Соединетите Американски Држави ќе добијат вкупно 330 милијарди долари преку рефундирање на данокот во 2016 година, пишува Блумберг.

Истражувањето кое го спроведе Националната трговска федерација, покажува дека 50 проценти од тие пари ќе бидат ставени на штедни книшки, а 35 проценти ќе бидат искористени за отплата на долгови.

Можеби тоа е знак за самодисциплинирање меѓу Американците кои сега сакаат да ги поддржат своите финансии но, исто така, е лош знак за потрошувачката свест, а со самото тоа и за економијата на САД која се потпира на големата лична потрошувачка.

Интересно е тоа што припадниците на Генерацијата Y, т.н Миленијалци, во моментов се најомилени за потрошувачките студии, имаат амбициозни планови кога станува збор за штедењето,

Истражувањето покажува дека 11,4 проценти од Американците парите од повратот на данок ги потрошиле на патување, а 9,2 проценти на автомобили и ТВ уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП