10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИталијанците основаа „одред за наследството“

Италијанците основаа „одред за наследството“

palmira italija

Италија на УНЕСКО му ја стави на располагање групата експерти коишто ќе работат на спасување на спомениците и уметничките дела од воените зони и областите кои доживеале природни катастрофи.

Италија е силен заговорник на формирањето таканаречени „мировни сили на ОН за културата“, откако светот стана сведок на шокантните разорувања на древните историски наследства во Сирија и Ирак кои се под контрола на екстремната сунитска организација Исламска држава.

Италијанското министерство за култура соопшти дека станува збор за 60-члена група којашто ја сочинуваат припадници на полицискиот оддел за споменично наследство, историчари на уметноста и реставратори. Во подоцнежната фаза на групата ќе ѝ се приклучат и академици. Групата ќе му биде на располагање на УНЕСКО.

Овој план потсетува на американскиот „Одред за наследство“ кој кон крајот на Втората светска војна пронаоѓал и спасувал европски уметнички и историски дела украдени од нацистите. Нивното ангажирање е прикажано во холивудскиот хит од 2014 година со Џорџ Клуни во главната улога.

Италијанскиот „одред“ е обучен за дејствување во опасни ситуации и е способен за процени на штетите, изработување на реставраторските и конзерваторски планови, транспорт на уметнички дела од опасните зони и спречување грабежи.

УНЕСКО ги повика и другите земји да го следат примерот на Италија за да се засили способноста меѓународната заедница да одговори на заканите за историското и културно наследство ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП